петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Мажите открија кога е ВИСТИНСКО време за женидба: Не сакаат да се венчаат пред ОВАА возраст

Мажите открија кога е ВИСТИНСКО време за женидба: Не сакаат да се венчаат пред ОВАА возраст

Во едно се согласуваат, а тоа е дека не се зрели за брачен живот пред 25 години

Веројатно барем еднаш во вашето друштво имало полемика за тоа кога е вистинското време за брак.

Иако не треба да генерализирате, на еден сајт мажите го споделија своето мислење на која возраст мислат дека треба да застанат на лудиот камен.

Мислењата се различни, но она за што повеќето од нив се согласуваат е дека не треба да се венчате пред 25 години.

-Ми се чини дека сами себе се стопираме како општество само заради почитување на мнозинското мислење, а тоа е дека треба да се „изживуваме“. Апсолутно не би се оженил со девојка која се „изживувала„, но можеби грешам – напишал овој млад човек, а потоа додал дека под терминот „изживување“ подразбира сексуално промискуитетно однесување. А еве како му одговорија луѓето!

Првиот корисник верувал дека не постои точен одговор, туку дека секој треба да избере како ќе живее. Потоа се надоврза друг и напиша:

– Глупост. Се жениш кога ќе се чувствуваш подготвено, кога не ти се крева стомакот при самата помисла, кога знаеш дека таа е таа со која можеш да го поминеш животот. Оставете го она што другите го кажуваат затоа што нема смисла во тоа, затоа погледнете се себеси и својот живот.

– Многу индивидуална работа, но да речеме дека кога би можел да бирам, би се омажил пред 30 години, а секако не пред 25 години – одговори третиот. Додека некои веруваат дека најдобриот период е помеѓу 30 и 35 години.

– Лично, пред 27 или 28 не треба, бидејќи повеќето од нас тогаш сме незрели – напишал еден маж. На крајот, повеќето се согласија дека не постои вистинско време за брак, туку дека тоа е прашање од индивидуална природа.

А пораката на крајот беше дека кога ќе сретнете партнер кој целосно ви одговара, ве исполнува и ве поддржува во се, тогаш е вистинскиот момент.

И што мислите, кое е идеалното време за вас да се жените?