Работник на едно градилиште во Велика Британија пронашол напуштено кученце… барем така мислел.
Тој го однел ова неодоливо суштество во својот дом за да се грижи за него, со оглед дека во негова близина не ја пронашол мајката, а потоа пријателите му откриле што всушност донел дома.
Станува збор за младенче на лисица кое многу потсетува на куче.
Веднаш го контактирал Здружението за заштита на животни од суровост (RSPCA) за да му кажат што да прави, пишува “People”.