Без разлика дали се работи за венчален или веренички прстен, ако се носи околу вратот има друга симболика.
Некои жени го носат прстенот на малку поинаков начин – како привезок на ланче, околу вратот. Прашањето е дали тоа е само моден тренд или носењето на прстенот на тој начин има посебно значење?
Ова се најчестите причини зошто многу жени носат прстен на ѓердан:
Носењето прстен како приврзок често се користи од практични причини, на пример поради работа што го оневозможува носењето накит на рацете, но и поради здравствени причини.
Луѓето кои боледуваат од ревматоиден артритис често не можат да носат накит на прстите, па поради тоа го ставаат прстенот на вратот. Истото го прават и луѓето кои накачуваат тежина или имаат отечени прсти.
Има само едно симболично значење за кое прстенот се носи околу вратот, а тоа е завет или ветување.
Кога ветувате или давате завет на некоја личност, во некои култури прстенот потоа се закачува на ѓердан и се носи околу вратот. Исто така, ова може да биде симбол на автентичност и желба на една личност да покаже колку е различна, своја, посебна.
Многу жени на овој начин ги носат прстените на својата мајка или баба, кои ги наследиле. Ако овој прстен не им одговара, тогаш наместо на прст, го ставаат на ѓердан и го носат како посебно сеќавање на некоја личност.
На овој начин прстенот е исто така поблиску до срцето, а во некои култури прстенот на ланче го носеле вдовиците.
На крајот, прстенот како привезок може да биде само тренд кој не мора да има симболично значење.