вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Мојот сопруг е 8 години помлад од дедо ми: А нејзиниот дедо не може да сфати како тоа се случува (ФОТО)

Мојот сопруг е 8 години помлад од дедо ми: А нејзиниот дедо не може да сфати како тоа се случува (ФОТО)

24 годишната Дијена Дејвисон, студентка на политички науки, се омажи за Џон Ферем, член на собранието на Конзервативната партија од Хал во Англија, кој е 35 години постар од неа.

Дијена, која ја нарекуваат и Ди, дошла од Шефилд во Хал, да студира политички науки, а брзо се зачленила во Конзервативната партија, каде го запознала 59 годишниот Џон.

-Луѓето главно прашуваат „каде беше цел мој живот“, но Ди се родила јас тек кога бев во третата четвртина од мојот живот, кажал заљубениот Џон и раскажал како почнале да се забавуваат.

-Ја прашав да одиме на кафе, но четири месеци не ми одговори, па ја прашав пак, раскажува тој. Но Ди дошла на стручна пракса во Парламентот, а Џон отишол да ја посети.

Кога се вратиле во Хал, романсата процветала.

Се вереле во 2015 година. Џон ја запросил пред својата стара куќа во Беркшир.

-Ја прашав и порано, но кажа дека морам тоа да го направам на прав начин, раскажува тој.

-Во моите години да клекнеш на едно колено понекогаш е тешко. Дури и не спуштањето, колку кревањето, кажал Џон за Мирор.

Но парот не така лесно ја добил поддршката од околината. Дедото на Дијена, Пол е само осум години постар од нејзиниот сопруг и не може да сфати како таквата врска може да фунцкионира.

Но Ди вели дека годините се само број, кој не е важен доколку двајца луѓе стварно се сакаат.

Овој пар кој и покрај осудите се венчаше, во една британска емисија раскажуваа за предрасудите кои ги имаат од општеството поради нивната голема разлика во години.