среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српскиот пејач стана дедо по трет пат, а има само 42 години

Српскиот пејач стана дедо по трет пат, а има само 42 години

Пејачот Слободан Батјаревиќ – Цобе, финалист на третата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, на 42-годишна возраст по трет пат стана дедо.

Пејачот ја потврди среќната вест дека неговиот син Небојша вчера добил втора наследничка на која родителите го дале името Елиса.

„Дедо по трет пат, што да кажам… Добивме големо девојче, долго е 54 см и тежи 4,5 килограми. Нека ни е жива и здрава“ – вели Цобе за Гранд и додава дека никогаш не бил посреќен.

-Прекрасно е чувството да се биде дедо, секогаш кога ќе добијам внуче се радувам како никогаш досега. Би сакал да дочекам уште многу внуци, а како што гледам ќе има, само нека се прошири семејството. Кога бев помлад, сите велеа дека внуците се сакаат повеќе од децата, фала богу, од син ми имам две внуки, Ана и Елиса, а од ќерка ми Слаѓана имам внук Диего, моето најубавото момче. И можам да ви кажам, внуците навистина се сакаат повеќе од децата. Па, прекрасно е чувството, исполнет сум во секоја смисла, изјави Цобе.

Инаку, овој пејач се ожени на 18 години, па не е чудно што рано стана дедо.

Најнови вести