Никос Аравантинос, личен телохранител на „кралот на Инстаграмот“, Дан Билзериан крвнички беше претепан од една група од 15 француско-алжирски туристи на грчкиот остров Миконос.
Инцидентот се случил во близина на една позната плажа на МИконос. Тој бнаводно бил повикан од луѓе од еден хотел во близина кога една група од 15 француско-алжирски туристи под големо дејство на алкохол правеле проблеми во истиот.
Тој се обидел да ја смири ситуацијата, но истите физички го нападнале, притоа удирајќи го со се што ќе се најде пред нив.
Од шишиња со алкохол, чаши, столици, тупаници и клоци по целото тело. Поради жестоките напади, целиот облиен во крв паднал и се онесвестил.
Била повикана полиција, двајца од туристите биле уапсени, а по останатите се трага. Аравантинос со амбулантно возило бил префрлен во болница, но поради сериозноста на нанесените повреди, со хеликоптер бил префрлен во Атина.