Погребот на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито не можел да помине без во него да има тајни и мистерија.
Најголемата тајна била што всушност се наоѓа во ковчегот кој бил изложен во парламентот во Белград прекриен со југословенското знаме со петокраката?
Целата мистерија околу погребот која ја потресе целата јавност ја откри докторот Обрен Ѓорѓевиќ кој тврди дека телото на Тито никогаш не било во ковчегот, него таму се наоѓало песок.
-Кога Тито умре неговите најблиски членови од кабинетот сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј како што е телото на Ленин на црвениот плоштад во Москва. Телото на Тито сепак било полно со лекови, па прерано започнало да се распаѓа и да се шири непријатна миризба. Од хигиенски и медицински причини тие одлучија погребот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот кој бил изложен се наоѓаше песок, изјави во една прилика Ѓорѓевиќ кој ја откри целата мистерија околу погребот на претседателот.
Секако и денеска многумина се прашуваат дали тој е погребан во куќата на цвеќето, зошто таму ја нема петокраката и зошто нема мермерна плоча?