вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Направете ДОМАШЕН САПУН ЗА РАЦЕ: По стариот рецепт на баба (РЕЦЕПТ)

Направете ДОМАШЕН САПУН ЗА РАЦЕ: По стариот рецепт на баба (РЕЦЕПТ)

Денес, многу семејства и покрај големиот избор на сапуни во продавниците, сепак се одлучуваат за домашен сапун. Не ја суши или лупи кожата како многу сапуни што ги купувате

Основата на секој домашен сапун е следната формула: ВОДА + МАСТ + КАУСТИЧНА СОДА. Можете да додадете различни природни состојки за да го збогатите неговиот мирис или да го обликувате по ваш избор.

Потребни состојки:

50 мл вода,

1 лажица каустична (жива) сода (кристал на натриум хидроксид),

100 гр свинска маст

Подготовка:

Истурете ја водата во стаклен сад и мешајќи додајте го натриум хидроксидот. Во големо тенџере растопете ја свинската маст и додадете вода со разматена сода. Состојките се мешаат уште половина час, додека не се добие густа маса. Се што треба да направите е да оставите сапунот да се излади.

Кога правите сапун, треба да бидете внимателни како ракувате со натриум хидроксидот. Држете ги децата и миленичињата подалеку. Ќе проверите дали сапунот е сварен така што ќе ставите нож во сапунот. Ако масата околу ножот се стврдне, тогаш е готв.

Доколку сакате да го збогатите сапунот со хранливи состојки, можете да додадете кафе, есенцијални масла, пиперка, лаванда или рузмарин. Можете исто така да додадете разни други хранливи материи чиј мирис ви се допаѓа.

Што се однесува до формата, можете исто така да експериментирате. Користете модли за колачи, детски пластични играчки за песок, калапи за мафини, кутии од бомбони и пластични кутии за сапун.