сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не е само за миење на раце: Дознајте за колку работи може да ви помогне САПУНОТ

Не е само за миење на раце: Дознајте за колку работи може да ви помогне САПУНОТ

Иако најчесто сите го чуваме во тоалетот, сапунот има бројни примени кои воопшто не се поврзани со хигиената, па затоа треба да имате по еден сапун во секоја соба.

1. Убоди од инсекти

Доколку ве мачат убоди од инсекти, намокрете го сапунот и протријте го од местото каде што се наоѓа убодот.

2. За подмачкување предмети

Доколку чкрипи вратата, фиоката или подот, протријте сув сапун на местото и уживајте во тишината.

3. За одглавување заглавени работи

Прозорите кои се заглавиле може да ги подмачкате со сув сапун за лесно да се одглават.

4. Отстранување непријатни миризби

Наместо да користите миризливи свеќи, освежете го својот плакар, фиока ставајќи сапун таму каде што сакате да мирисаат облеките.

5. Отстранување флеки

Ако имате жолти траги на крагњата или некои точки на облеката, намачкајте сапун преку нив и оставете го така се до перењето на облеката.

6. Тесни чевли

Тврда кожа? Намачкајте сапун на деловите каде што ве стегаат чевлите, како што се горниот внатрешен дел и аглите.