57-годишниот Александер Голдински од Њу Џерси одлучил да исценира пад во кантината за да добие пари од осигурувањето.
Тој истурил коцки мраз на подот, проверил дали има некој во близина и потоа полека легнал на земјата, чекајќи некој да го најде.
Голдински е уапсен поради “лажен пад”, а како што наведуваат од полицијата, инцидентот се случил помеѓу септември и ноември минатата година.
-Ваквите лажни обвиненија им нанесуваат штета на сите и ќе го гониме секој кој сака на илегален начин да манипулира со системот, изјавил тужителот Ендру Кери.
Погледнете го видеото кое го насмеа светот: