среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измамена жена на која ѝ биле потребни пари за лекување

Измамена жена на која ѝ биле потребни пари за лекување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.Т.(65) од охридско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот од 31.03.2023 до 12.04.2023, пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук стапил во контакт со женско лице од Кочани, доведувајќи ја во заблуда да уплати одредена сума на пари за да и даде донација за нејзиното лекување.

По ова, таа во неколку наврати уплатила вкупно 34.100 денари до 12.04.2023 кога пријавениот ја блокирал на телефон и Фејсбук.