четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Нарко банда дава милионска сума за тој што ќе го убие ова полициско куче

Нарко банда дава милионска сума за тој што ќе го убие ова полициско куче

Полициско куче од Колумбија кое пронашло рекордна количина дрога работејќи за полициските сили за борба против наркотици мораше да биде преселено за да се осигура нејзината безбедност, јавува Би-Би-Си.

Разузнавачите во Колумбија дознале дека нарко бандата Урабенос дава 200 милиони песо (околу 70.000 долари) за тој што ќе го убие германскиот овчар кој откри речиси 10 тони кокаин.

Урабенос е најмноќната криминална организација во Колумбија.

Сомбра (Сенка) сега е преместена да работи на меѓународниот аеродром во Богота.

Аеродромот се смета за побезбедно место за неа, бидејќи е надвор од главната област каде што бандата има влијание, но силите за борба против наркотици не преземаат ризици. Полицијата соопшти дека покрај нејзиниот вообичаен чувар, таа сега ќе биде придружувана и од дополнителни службеници за да се подобри нејзината безбедност.

Сомбра има шест години и досега работела на пристаништата на Атлантикот, главно во градот Турбо од каде што бандите со јахти и подморници шверцуваат кокаин во Централна Америка и Соединетите Американски Држави.

Сомбра пронашла 5.3 тони кокаин на пристаништето, а потоа уште четири тони кои биле скриени во делови за автомобили кои требало да се извезат во САД.

Поголемиот дел од дрогата ја транспортира бандата Урабенос која е позната и како Кланот Усага или Заливскиот клан.

Шефот на бандата, Даиро Антонио Усага е најбараниот човек од страна на властите во Колумбија.

Не е невообичаено за оваа банда да нуди пари за да се ослободи од своите закани. Во 2012, полицијата открила летоци потпишани од бандата, на кои се нуделе 500 долари за секој кој ќе убие полициски службеник. Тие за Сомбра нудат многу поголема сума поради финансиските загуби кои претрпеле поради неа.

Сомбра работи во единицата за борба против наркотици уште кога била мала, а нејзиниот нос е заслужен за апсењето на 245 осомничени нарко дилери.