недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Народни верувања: Луѓето родени во април треба да се пазат само од една лоша работа

Април е месец кога природата се буди. Луѓето верувале дека со будење на природата сите стари грижи си заминуваат и дека април е време за смеење и за добро расположение.
Народни верувања: Луѓето родени во април треба да се пазат само од една лоша работа

Се верува дека секој месец во годината не е ист. Има среќни и несреќни, добри и лоши, тие кога треба да се избегнуваат одредени планови и тие кога треба да работите и да се обидувате. Така на луѓето родени во одредени месеци почнале да им се припишуваат посебни карактеристики.

Многу време пред хороскопот и астрологијата тоа било светски познато.

Април е месец кога природата се буди. Луѓето верувале дека со будење на природата сите стари грижи си заминуваат и дека април е време за смеење и за добро расположение.

Кој ќе се радува во овој месец, ќе се радува цела година. Исто така април е добар месец и за венчавка. Народната мудрост кажува: „Омажи се во април кога можеш! уживање во неа, уживање во него.”

Со април се поврзани и среќни случувања. Постои само една лоша работа. Луѓето кажуваат дека не е добар знак ако во април има суша.

Децата кои се родени во април се со ведар дух, вредни и добронамерни. Склони се на шеги, па некогаш и на своја сметка.

Тие се омилени во друштвото затоа што сакаат добра забава, а чувањето тајни им е специјалност. Сепак знаат да бидат тврдоглави, па тешко примаат совети дури и кога се добронамерни.

Како што кажува народниот календар, тие треба да се чуваат од  болести на цревата и главоболки.