недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Народните верувања: Овие дрвја носат несреќа и негативност, не ги засадувајте во близина на вашиот дом!

Народните верувања: Овие дрвја носат несреќа и негативност, не ги засадувајте во близина на вашиот дом!

Едно од најнепосакуваните дрвја за засадување во дворот е дабот. Се смета дека дабот има силна енергија и го ослабнуваат здравјето на луѓето. Истиот ја црпи виталноста дури и од најсилните луѓе.

Следна на листата е брезата. Оваа руска убавица со бели цветови можеби изгледа многу елегантно, но според народните верувања истата е носител на негативна енергија и привлекува само проблеми. Воедно, нејзиниот силен коренски систем ја извлекува сета влага од почвата, со што не им дозволува ниту на растенијата покрај неа да цветаат.

Според народните верувања, луѓето треба да се откажат и од идејата за засадување на топола покрај домот, бидејќи е носител на многу негативна енергија, предизвикува алергии и привлекува опасност за домот.

Меѓу дрвјата на кои местото не им е во близина на домот е и оревот. Тоа не значи дека воопшто не треба да го одгледувате, туку само едноставно да најдете соодветно место, малку подалеку од домот за го засадите.

Иглолисните дрвја исто така, според народните верувања, носат лоша среќа на сопствниците на домот.