петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанец ќе одговара за три кривични дела, еве како и со што бил затекнат

Охриѓанец ќе одговара за три кривични дела, еве како и со што бил затекнат

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражба“, „фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и „фалсификување службена исправа“.

На 10.08.2023 пријавениот бил затекнат на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на с.Климештани, со товарно возило на кое имало огревно дрво-бука, испратница, чекан за жигосување на дрвата и шишенце со црвена боја. П

ријавениот дрвата нелегално ги исекол и украл, а испратницата ја фалсификувал и ја користел за превоз на дрвна маса, прикажувајќи дека наводно е уредно издадена од ЈП „Национални шуми“, а со чеканот ја жигосувал дрвната маса, сакајќи да прикаже дека дрвата потекнуваат од склад.