понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Не ја убивајте оваа бубачка доколку ја забележите во вашиот дом

Не ја убивајте оваа бубачка доколку ја забележите во вашиот дом

Летото во куќата знае да ни донесе многу бубачки. Сепак, доколку видите ваква стоногалка немојте да ја убивате.

Изгледа страшно, брза е но може да ви донесе многу корист во вашиот дом – затоа што ги уништува сите останати ужасни бубачки.

Тие бараат влажни места во куќата и плен. Вкусни им се лебарки, пајаци, термити, а неретко ќе дофатат и се останато што “мижи” во вашиот дом. Овие стоногалки се неверојатно брзи, а својот плен го парализираат со нозете во кои имаат отров. Не грижете се, отровот служи да ги убие бубачките, вам не ви може ништо. Имаат и многу брз метаболизам, што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Доколку многу се плашите и не сакате и вам да ви шетаат по куќа советот е да ја фатите во сад и да ја вратат на природата.