четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

НЕ САКАЛА ДА ИМА ДЕЦА, ПА РОДИЛА 16: „Сопругот ме убеди, не е ни исклучено дека ќе имаме уште!“

НЕ САКАЛА ДА ИМА ДЕЦА, ПА РОДИЛА 16: „Сопругот ме убеди, не е ни исклучено дека ќе имаме уште!“

Џени Бонел и нејзиниот сопруг Реј имаат 16 деца и се најголемото семејство во Австралија. Оваа 51-годишна жена била бремена дури 23 пати, но за жал имала неколку спонтани абортуси. Ако ја прашате, бременоста е најголем благослов, а она што е интересно е дека Џени воопшто не сакала да има деца на почетокот на бракот.

– За некој што го започна сето ова без да сака деца, јас навистина ги имам многу. Се сеќавам дека му реков на Реј дека не ми е грижа да имам деца, дека едноставно не ги сакам, изјави таа за британски “Сан”.

Нејзиниот сопруг, кој израснал во шестчлено семејство, сакал да има големо семејство и, како што вели, тој успеал да ја убеди.

– Се согласив да имам едно, можеби две бебиња, што беше навистина убаво. Ми го отвори срцето на она за што сум предодредена во животот – а тоа требаше да бидам мајка. Оттогаш, јас бев таа што го прашуваше мојот сопруг дали може да има друго дете, вели таа.

И така, се раѓаше едно по едно бебе, сè додека немаше 16 од кои девет синови и седум ќерки, кои сега се на возраст од шест до 31 година.

Џени вели дека повеќето луѓе мислат дека имаат „премногу деца“, но дека уживале во процесот на раст на семејството. Таа додава дека не е исклучено да ги има повеќе – тие не прават ништо за да ја спречат бременоста, но нејзината возраст, како што истакнува, е отежнувачка околност.

Таа вели дека е задоволна од моменталната состојба, но и дека би била среќна ако повторно забремени.

Се чувствувам толку привилегирано што сум мајка, не можев да замислам подобар начин на живот, смета Џени.