Сто и четиригодишна жена од Велика Британија која живее во дом за стари лица, побарала да оди во затвор, пишува локалниот „Бристол Пост“.
„Имам 104 години и секогаш сум била на страната законот, па сега сакам да ја видам темната страна“, раскажува Ен Броунканброу, чијашто порака го привлече медиумското внимание.
Вработените во домот во кој живее пензионерката им дале листови на старите лица за да ги напишат своите желби и да наведат контакти за врска. Потоа ливчињата биле испратени во трговските центри и закачени на видливи места, за посетителите да можат да ги исполнат желбите на пензионерите.
Локалната полиција се огласи по желбата на Броуканброу, најавувајќи дека на 20. март ќе дојат во домот и ќе приведат жената за да и ја исполнат желбата, пишува „Дејли мејл“.
На листата со желби се наоѓа и возење со „Ролс Ројс“, посета на мотоклуб, масажа и прегратка од пудлица.