Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривични пријава против А.Џ.(58) и Б.К.(35), двете од Штип, поради постоење основи на сомнение извршено на кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавените, баба и тетка на малолетно дете, го подведувале на питачење на 12.08.2023 на ул.„Братство Единство“ и ул.„8 Септември“ во Дебар.