недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Нема фудбал, па се обложуваат кога ќе снема квасец и тоалетна хартија: Бизнис во време на коронавирус

Нема фудбал, па се обложуваат кога ќе снема квасец и тоалетна хартија: Бизнис во време на коронавирус

Светскиот бизнис со обложувањето е една од индустриите вредна стотици милијарди долари, на која пандемијата на коронавирусот многу и наштети. Со оглед на тоа што скоро сите спортски настани се откажани, облжувалниците практично немаат извори на приход.

Две руски онлајн обложувалници заклучиле дека загубите можат да ги надоместат со обложување на коронавирусот.

Затоа во својата понуда ставиле обложување на веројатноста за пронаоѓање вакцина и на погодување на датум кога цела Москва ќе биде ставена во карантин, а можете да се обложите кога во Русија ќе снема тоалет хартија, квасец и брашно, пишува Moscow times.