Иако мислите дека со вежбањето ги решавате сите проблеми, сепак постојат некои работи кои не треба да ги правите штом завршите со физичката активност.
Избегнувајте ги овие грешки.
Недоволна хидратација по тренингот
Не е доволно само да внесувате вода за време на вежбањето, туку и откако ќе завршите. Тоа е важно особено многу се потите во текот на вежбањето. Златното правило е да внесувате доволно течности пред, за време и после вежбањто.
Нездрави калориски „бомби“
Луѓето кои тренираат многу напорно или пак се професионални спортисти можеби можат да се извлечат од ваквиот „грев“ но за луѓето кои работат од 8-16 и кои вежбаат по работа, не можат баш да си дозволат ваков луксуз. Избегнувајте хамбургери, пици, помфрит и калорични пасти. Иако понекогаш можете да си дозволите вакво задоволство, сепак ваквите нездрави оброци треба да ги избегнувате.
Заборавате да се истегнете
Колку што е важно загревањето, толку е важно и истегнувањето по завршување на тренингот. Важно е телото да се смири на тој начин.
Не ги бележите резултатите
Едноставен начин за мерење на успехот и напредокот е редовното бележење на резултатите. Изберете обичен начин или пак апликација која ќе ви помогне во тоа.