сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Колку дена неделно треба да вежбаме за најдобри резултати?

Колку дена неделно треба да вежбаме за најдобри резултати?

Научниците долго време се обидуваат да откријат дали вежбањето е поефикасно кога тренинзите се подолги или кога се почести.

Една неодамнешна студија на Универзитетот Едит Кауан имаше за цел да одговори на прашањето колку точно вежбање е потребно секоја недела за да се видат најдобри резултати.

За да го спроведат тестот, истражувачите ги поделиле учесниците во две групи. Едната група ги изведуваше вежбите два дена во неделата, а другата истото го правеше три дена во неделата.

„Претходниот резултат покажа дека редовното, пократко вежбање е покорисно од еден или два големи тренинзи неделно. Новите резултати сугерираат дека се потребни најмалку три дена во неделата за да се видат резултатите”, вели професорот Кен Носака, кој ја водел студијата.

На крајот од истражувањето беше претставена друга група која тренираше пет дена во неделата. Тие имале 10 проценти поголем пораст на силата од оние кои вежбале три дена.

„Сепак, треба да се запомни дека на мускулите им е потребен одмор за да ја подобрат вашата сила и мускулна маса. Но, заклучокот е дека мускулите треба почесто да се стимулираат“, заклучува професорот Носака.