среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Никој не знае што е: Морето исфрли влакнесто суштество без очи

Никој не знае што е: Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично влакнесто суштество кое ги остави жителите во шок. Мртвото животно има долга опашка, прекриено со крзно и нема видлива глава, ниту пак очи, а според очевидците тоа е големо колку тројца просечни мажи.

Граѓаните претпоставуваат дека се работи за некој изумрен вид од морските длабочини, на пример – мамут којшто испловил по топење на мразот.

Научниците од друга страна, веруват дека се работи за дел од кит.

– Мислим дека тоа е дел од кит. Под влијание на морето, времето и разните животни, китовите попримаат чудни облици. Ова е само дел од кит, а не цело животно, изјави рускио морски биолог Сергеј Корнев.