недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Драма на Халкидики: Автомобил заврши во море на плажата во Неа Мудања (ВИДЕО)

Драма на Халкидики: Автомобил заврши во море на плажата во Неа Мудања (ВИДЕО)

На плажата во популарното одморалиште Неа Мудања на Халкидики утрово се одвивала вистинска драма. Во морето бил најден потопен автомобил.

Настанот се случил во вторникот на 8 август, по што интервенирала локалната шлеп служба.

Според првичните сознанија, најверојатната причина поради која автомобилот завршил во морето, се претпоставува дека е откочување на рачната сопирачка.

Во инцидентот нема повредени, бидејќи во возилото немало никој.