среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Нов сообраќаен знак на патишта во Франција, знаете ли што значи?

Нов сообраќаен знак на патишта во Франција, знаете ли што значи?

Новиот сообраќаен знак веќе е поставен во некои од најголемите француски градови како Лион, Стразбур и Гренобл, а казната за непочитување е 135 евра.

Во Франција почнаа да се поставуваат нови сообраќајни знаци покрај патот, а се опишува како бел ромб на сина позадина.

Што значи овој знак?

Знакот посочува дека коловозната лента е резервирана исклучиво за одредени учесници во сообраќајот.

Ова вклучува возила со повеќе патници, електрични возила, такси и автобуси. Знакот беше воведен по официјален декрет во август 2020 година, а сега се појави на автопатиштата и патиштата со повеќе ленти во една насока.

Може да се активира само во одредено време, односно се вклучува на дигиталните екрани, кога има периоди на сообраќаен метеж.

Во иднина знакот ќе се користи низ цела Франција.