Писмото на војникот во кое тој на својата девојка мошне оргинално и го возвраќа ударот поради неверство долг период е апсолутен хит низ социјалните мрежи.
Се работи за еден американски маринец кој бил испратен во Авганистан, каде примил писмо од девојката.
Во писмото таа му признала дека спиела со двајца мажи додека тој бил отсутен и дека сака да стави крај на нивната врска. Исто така напишала дека сака да и ги врати нејзините фотографии.
Маринецот го направил она што секој нормален маж би го направил. Почнал од своите другари војници да бара фотографии од девојки, кои на нив повеќе не им се потребни.
Собрал еден куп, па ги испратил на својата сега веќе поранешна девојка, а во писмото напишал:
“Која од нив си ти? Те молам земи ја својата фотографија, а останатите врати ми ги!“