вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Осмислена пица „против комарци“- ја има само во овој ресторан, но може да си ја направите и дома

Осмислена пица „против комарци“- ја има само во овој ресторан, но може да си ја направите и дома

Летото е синоним за одмор, долги седенки и закуски надвор навечер, но според многумина, тоа е и сезона на едно од најдосадните суштества нa светот – комарците.

Затоа, синџирoт ресторани „Пица пица“ (Pizza Pizza) со седиште во Торонто, Онтарио, Канада, осмисли пица „против комарци“… Важно за напоменување – „Buzz Off Pizza“ не е зачинета со средства против инсекти. Но, за вкусот ќе мора да се има добро извежбан стомак, пишува „Нови лист“.

– Долгите викенди се важни, а Канаѓаните знаат дека комарците може да ја расипат забавата. „Buzz Off Pizza“ е одличен начин да се осигурате дека сите ќе имаат одличен викенд и гозби со пица… Освен комарците!, изјави Адријан Фуоко, потпретседател за маркетинг на „Пица пица“.

Рецептот содржи лук, домати, лути пиперки и кромид, состојки што е познато дека ги одвраќаат комарците.