недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Трето авионско третирање против комарци в четврток во Кавадарци

Трето авионско третирање против комарци в четврток во Кавадарци

Трето авионско третирање против комарци ќе се реализира в четврток во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Со почеток од 05.30 до седум часот, ќе се спроведе третото авионско третирање против комарци за 2023 година, на територијата на општина Кавадарци. Tретирањето ќе го изврши фирмата ДАУ „БОНИЕР“ ДООЕЛ од Куманово.
Се известуваат сите граѓани како и дел од пчеларите дека во периодот на третирање од три до четири часа, да ги затворат кошниците – сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето, врз безбедноста на пчелните семејства, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за друг ден. Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара од село Марена, целото градско подрачје, селото Ваташа, па се до браната Моклиште.