среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Прилеп се спроведува третата фаза на дезинсекција и уништување на комарците

Во Прилеп се спроведува третата фаза на дезинсекција и уништување на комарците

Денеска и утре од 7 до 13 часот прилепскиот Центар за јавно здравје ја спроведува третата фаза од дезинсекцијата и уништувањето на комарците. Како што објаснуваат од Центарот за јавно здравје, на територијата на прилепската општина се спроведува третата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезенсекција за уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини, односно места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течение на Градска река, делови од Дабнички канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.