четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ова е најчудната шума на светот: Тука дрвјата растат наопаку (ВИДЕО)

Ова е најчудната шума на светот: Тука дрвјата растат наопаку (ВИДЕО)

Скриено на планинините Тјан Шан во Казахстан се наоѓа езерото Каинди.

Настанало по земјотрес кој се случил во 1911 година и претставува едно од најнеобичните езера на планетава.

Овој земјотрес предизвикал големи одрони и на тој начин се создала голема дупка во земјата. Последователно, дождот ја наполнил долината и го создал ова езеро. Ова езерото е познато по големиот број на смреки кои „извираат“ од водата, во прашање се остатоците од дрвата кои биле потопени за време на формирањето на езерото.

Стеблата кои се наоѓале на местото каде што денеска се наоѓа езерото успеале да преживеат и покрај тоа што биле потопени во вода.

Делуваат мистично и моќно, а тиркизната боја на водата го прави ова езеро уште поспектакуларно. Под вода изгледа уште подобро, бидејќи дрвјата не се распаднале, создавајќи убава подводна шума.

Изненадувачки е тоа што ова езеро го посетуваат многу мал број туристи, причина лежи во тоа што недалеку од Каинда постојат познати езера, кои се наоѓаат на попристапни места. И покрај близината на центарот на градот и мултимилионерската популација, постои мирна атмосфера околу езерото, совршена за релаксација и уживање.

Погледнете како сето тоа изгледа под вода: