четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ова е топ 10 листата: Австралијанците прогласени за најголеми пијаници, еве колку пати се опиваат годишно

Ова е топ 10 листата: Австралијанците прогласени за најголеми пијаници, еве колку пати се опиваат годишно

Австралијанците се прогласени за најголеми пијаници во светот откако во 2020 година поминале во пијанство повеќе време од било која друга нација. Меѓународната анкета покажала дека Австралијанците пиеле до точка на пијанство во просек 27 пати годишно, што е речиси двојно од глобалниот просек 15.

Скоро четвртина од Австралијанците изјавиле дека жалат што се опивале.

На глобалната анкета учествувале 32.000 лица од 22 земји, а на тема: „Колкава е нивната потрошувачка за наркотични средства и алкохол минатата година?“

Гледано во просек, Австралијанците пиеле алкохол по двапати неделно, а многу пијани биле отприлика еднаш во две недели (повеќе од двапати месечно, околу 27 пати годишно).

Австралијанците исто така го дуплирале бројот на повици кон Итната медицинска помош поради пијанство (3,9 проценти во споредба со глобалниот просек од 1,2%).

Извршната директорка на Фондацијата за истражување и образование за алкохолот истакнала дека статистиката е загрижувачка и дека јасната слика за влијанието на штетната употреба на алкохолот за време на пандемјата допрва ќе се појавува.

-Австралија е на врвот на светот и по бројот на пијанства и по барање помош поради алкохол. Двата показатели укажуваат на тоа дека луѓето пијат во прилично ризични нивоа, вели таа.

Истакнала и дека продажбата на алкохол за домаќинства пораснала за 3,3 милијаради долари во 2020 година – тренд кој продолжува и во 2021 година.

10 земји со највисок процент на зачестени пијанства

Австралија
Данска
Финска
САД
Велика Британија
Канада
Ирска
Франција
Шведска
Холандија