сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Овие се најпопуларните имиња за кучиња во светот

Овие се најпопуларните имиња за кучиња во светот

Оние кои имаат куче за домашно милениче знаат колку време поминале во бирање на името на миленикот. За другите кои можеби размислуваат ова животно да биде нивниот нов член во домот, еве неколку предлози.

Ова се најпопуларните имиња за кучиња во светот.

Луна

Луна значи Месечина, а е име и на популарниот лик од Хари Потер, Луна Лавгуд.

Макс

Скратено од Максимилијан што значи најголем.

Бела

На италијански значи убава.

Лола

Ова вообичаено женско име во шпанскиот јазик е скратена форма од Долорес, што значи тага.

Моли

Моли е име што често се користи.

Чарли

Значи слободен човек.

Бади

Најпрво беше прекар за пријател, а потоа стана независно име.

Роки

Ова име стана популарно благодарение на Роки Балбоа.

Џек

Традиционално англиско име што значи Бог е милостив.

Луси

Луси доаѓа од латинското име Луциус, кое потекнува од зборот лукс што значи светло.