среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Патниците и возачот помагале во породувањето на жена во автобус – еве што ќе добие бебето од компанијата која сепак порача дека ова не е натпревар!

Патниците и возачот помагале во породувањето на жена во автобус – еве што ќе добие бебето од компанијата која сепак порача дека ова не е натпревар!

Несекојдневна ситуација се случила пред две недели кога на 17 август неочекуван гостин им се придружил на патниците во автобусот на релацијата  од Париз до Варшава.

Имено мајка која патувала од Париз започнала да се породува во автобусот на компанијата Флих бус непосредно пред да пристигнат на станицата Познањ.

Ситуацијата била исклучително несекојдневна и динамична, но сепак благодарение на брзата реакција и поддршка на возачот на автобусот и патниците се завршило во најдобар ред.

Мајката и малото момче веднаш по породувањето биле преземени со амбулантно возило и биле безбедно пренесени во болница.

Машкото бебе ќе добие бесплатно возење во автобусите на оваа компанија до својот 18-ти роденден.

Инаку од компанијата се пошегуваа и напишаа дека ова е трето родено бебе во нивните автобуси и дека иако бесплатното возење е одлично, ова не е натпревар.