петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„Пиев јаболков оцет еден месец, ова не го очекував“: Жена објаснила кои се последиците на тоа – Викторија Бекам го лаже народот?

„Пиев јаболков оцет еден месец, ова не го очекував“: Жена објаснила кои се последиците на тоа – Викторија Бекам го лаже народот?

Жена која еден месец пиела јаболков оцет, ги открила резултаите кои ја разочарале…

Познато е дека Викторија Бекам се грижи за својата исхрана, а тоа гордо го истакнува, но во една прилика открила дека е во добра форма поради тоа што консумира јаболков оцет.

Таа повеќе пати спомнала дека оцетот ѝ помага во процесот на слабеење, а една жена одлучила да го тестира тоа нејзино тврдење. Таа еден месец пиела јаболков оцет и одлучила да ги открие промените со кои се соочила.

Како што вели, на почеток го пиела без никакви додатоци, но кога забележала дека е многу јак го пронашла совршениот рецепт.

Го консумирала со комбинација на мед и цимет, што било подобро од вообичаено.

„Одлучив да пијам јаболков оцет наутро пред било каков оброк, за да го поттикнам своето варење. Оваа мешавина со јаболков оцет не беше алтернатива за кафе. И натаму морав да ја пијам својата шолја кафе по пиењето на јаболковиот оцет“, рекла таа.

Пред да го започне тестирањето, застанала на вага и ја запишала својата тежина. За да забележи дали постои промена во процесот на слабеење, се мерела еднаш неделно. Не се случило никакво губење на килограмите, но почувствувала други здравствени предности.

„Тоа што го забележав е тоа што јаболковиот оцет го намали мојот апетит. Покрај тоа го подобри моето варење, но воедно јаболковиот оцет придонесува во зголемување на желудочната киселина“, објаснила таа.

Поголем дел од луѓето мислат дека јаболковиот оцет помага во слабеењето. Сепак, тоа не е точно затоа што тоа може да предизвика нуспојави.

Студиите покажале дека јаболковиот оцет помага во слабеењето, а всушност тие биле сведени на луѓето кои веќе редуцирале свој режим на исхрана, па веројатно дека оцетот немал врска со губењето килограми.