четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТАА СЕ ПОРОДУВАЛА, А ТОЈ СЕ ФОТОГРАФИРАЛ СО ДВЕТЕ СВЕТСКИ УБАВИЦИ: Викторија му се јавила на Бекам дека влегува на царски рез, а тој ладнокрвно и го порачал ова!

ТАА СЕ ПОРОДУВАЛА, А ТОЈ СЕ ФОТОГРАФИРАЛ СО ДВЕТЕ СВЕТСКИ УБАВИЦИ: Викторија му се јавила на Бекам дека влегува на царски рез, а тој ладнокрвно и го порачал ова!

Документарецот на Нетфликс за Викторија и Дејвид Бекам откри повеќе од интригантен детаљ за славната двојка. Во центарот на приказната е една фотографија која ја разлутила дизајнерката, а која можела скапо да го чини познатиот спортист.

Во 2005 година, Викторија Бекам била во болница во Мадрид и чекала да се породи. Дизајнерката имала закажано царски рез, за ​​што бил информиран нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, кој ѝ рекол дека истиот ден има важна кампања за снимање со суперѕвезди.

Дејвид Бекам ќе го пропуштел раѓањето на својот син Круз бидејќи се фотографиран со Џенифер Лопез и Бијонсе, оставајќи ја Викторија Бекам да врие од гнев додека лежела во болничкиот кревет.

„Како мислиш имаш снимање?“, му рекла Викторија на сопругот, кој ѝ одговорил: „Да, морам да снимам со Џенифер Лопез и Бијонсе“.

Помислив: „О, дали си сериозен, лежам во болница, дали се шегуваш?“, се присети Викторија Бекам како течел нивниот разговор, и продолжи: „Има фотосесија со Џенифер Лопез, која е убава и која не се пораѓа…“.

Бекам сепак успеал да стигне до мадридската болница Рубер Интернасионал, а Викторија доживеала нов шок кога ги видела сликите во весникот.

„Имав царски рез и се сеќавам дека лежев во болница, не се чувствував добро, некој ми ја покажа насловната страница со прекрасна слика од Дејвид, Џенифер Лопез и Бијонсе со наслов: „Што ќе каже Пош?“ Ќе ви кажам… Пош би… (изговори сочна пцост), пренесува „Дејли мејл“.

Најнови вести