Утринава Кина ја започна првата мисија со ровер на Црвената планета, со цел да ја истражи геологијата на Марс.
Од вселенскиот центар Венчанг беше лансиран робот на шест тркала кој во орбитата би требало да пристигне во февруари идната година. Станува збор за роботот Tianwen-1, кој како дел од мисијата уште два до три месеци нема да слета на површината на Марс откако ќе пристигне на дадената позиција. Оваа стратегија ќе им овозможи на инженерите да ги оценат атмосферските услови на Марс пред роботот да слета северно од екваторот на Марс. Неговата задача ќе биде да ја проучи геологијата на тој дел од планетата, на и под површината.
Оваа површинска истрага е само дел од мисијата бидејќи орбитата на планетата од далечина ќе биде поручувана со помош на вселенскиот брод со кој Tianwen-1 ќе пристигне до Марс.
Ова е една од трите мисии на Марс во период од 11 дена. Пред три дена Обединетите Арапски Емирати лансираа сателит, а за една недела и НАСА ќе го испрати роверот Perseverance на Марс.