петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Побрзала да биде невеста од соништата, бидејќи и откриле рак – сега го сподели првиот знак и предупредување за сите (ВИДЕО)

Побрзала да биде невеста од соништата, бидејќи и откриле рак – сега го сподели првиот знак и предупредување за сите (ВИДЕО)

Кортни Вилсон-Калдер, од Лидс, забележала грутка на вратот на почетокот на оваа година, но кога тоа го пријавила на лекар, и било кажано дека тоа се само „отечени лимфни јазли“. Како што грутката растела и станувала болна, Кортни ги следела нејзините инстинкти и отишла кај специјалист, кој и рекол дека може да е рак.

Вилсон-Калдер одлучила да се омажи пред било каков третман, па таа и нејзиниот партнер Лиам Калдер ја организирале венчавката за пет недели. Лекарите ја известиле дека грутката на вратот не е канцерогена и се опуштила.

„Ослободена сум. Се омажив за мажот од моите соништа, но не го очекувавме тоа што следуваше“, рекла таа.

За жал, Кортни открила уште една грутка на нејзиниот врат и по биопсијата, ден пред нејзиниот 28-ми роденден, и бил дијагностициран Хочкинов лимфом. Болеста, која сочинува помалку од еден процент од сите нови случаи на рак, се развива во мрежа од крвни садови и жлезди кои се шират низ телото.

„Симптомите на лимфомот може да биде тешко да се дијагностицираат и препознаат. Наскоро ќе започнам со третман. Позитивна сум и подготвена да дадам се од себе, но сакам да ги охрабрам другите да ги проверат своите грутки и да им веруваат на своите чувства”, додала таа.

@courtneywilson7x My cancer story 💜 Hodgkin’s lymphoma #hodgkinslymphoma #cancer #cancersucks #lymphoma ♬ Surrender – Natalie Taylor

Точната причина за Хочкинов лимфом е непозната. Може да се развие на која било возраст, но најмногу ги погодува луѓето на возраст од 20. до 40. години и постари од 75. години.