четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Погледнете што му направи полицијата на возачот на „БМВ“ (ВИДЕО)

Погледнете што му направи полицијата на возачот на „БМВ“ (ВИДЕО)

Ако некогаш сте се запрашале дали престапник во спортско „БМВ“ би можел да и избега на полицијата, видеото го дава одговорот.

Бркањето не е невообичаено во Америка, но ретко е да се фати возач во скап спортски автомобил како „BMW M4“. Канцеларијата на шерифот на округот Форсајт објавила видео од потерата што се случила на 17 декември минатата година.

А се’ започнало кога полицаец се обидел да запре „БМВ“ бидејќи му биле вклучени долгите светла. БМВ-то набрзо бега, а зад воланот е 22-годишниот Ислам Асланов. Видеото започнува токму во моментот на почетокот на потерата. Иако БМВ-то ретко се гледа, според канцеларијата, Асланов возел 113 км/ч на делница каде дозволената брзина е 56 км/ч, а во еден момент возел 161 км/ч. На автопатот, сепак, возел 232 км/ч.

БМВ успеале да го успорат поставувајќи стапици за гуми. Преминувањето преку шилците ја дупнало гумата, а набрзо деморализираниот возач решил да капитулира и да се предаде. Против него е поднесена кривична пријава за брзо возење и несовесно возење, возење со долги светла и обид за бегство. На прашањето зошто побегнал, Асланов одговори дека „се исплашил кога ја видов полицијата зад мене“.