четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Полугола го чекала сопругот: Провокативното изненадување го расипал неочекуван гостин (ВИДЕО)

Полугола го чекала сопругот: Провокативното изненадување го расипал неочекуван гостин (ВИДЕО)

Една жена сакала да го поздрави својот партнер во секси долна облека, но била многу изненадена кога наместо него влегол свекорот, пишува порталот „LADbible“, па сè се претворило во вистински кошмар бидејќи со него делат иста куќа.

Меги Клејтон сакала да ја сними реакцијата на својот сопруг кога ќе ја види во секси долна облека, признавајќи дека долго не облекла нешто слично.

Меѓутоа, таткото на сопругот влегол во куќата и кога ја видел својата снаа, ги покрил очите со рака и истрчал надвор.

-Бев ужасно засрамена, иако побегна веднаш, рекла Меги на ТикТок, каде нејзиното видео брзо собрало повеќе од 11 милиони прегледи и 2,3 милиони лајкови.

Многумина се смееле за ситуацијата, имало и такви кои сочувствувале со посрамотената жена.

-Барем веднаш излезе, не можам ни да замислам колку ви било непријатно, гласел еден од многуте коментари.

@theblondebrewerHow do I fix this? I was so embarrassed 😳 ##relationshipgoals ##veteranwife ##roommates ##beautyhacks

♬ telepatía – Kali Uchis