сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Повеќекратно зголемена продажбата на ѓумбир, лук и лимон во Русија

Повеќекратно зголемена продажбата на ѓумбир, лук и лимон во Русија

Со ширењето на коронавирусот во Русија, во таа земја повеќекратно се зголеми продажбата на ѓумбир, лук, лимон и мед поради верувањето дека тие производи имаа благотворно дејство на речиси секоја болест.

Продажбата на ѓумбир од 23 март до 2 април во Русија е зголемена за 136 отсто, иако таа намирници е за 71 отсто поскапа отколку истиот период лани. Продажбата на лимони е зголемена за 54 отсто, со просечно зголемување на сметката за 49 отсто во однос на минатата година. Продажбата на лук е зголеман за шест отсто, а цената е на минатогодишното рамниште.

– Мислам дека станува збор за привремен раст на цените поради шпекулациите дека тие намирници помагаат во борбата против коронавирусот, изјави директорот на националната Унија на произведувачи на овошје и зеленчук Михаил Глушков.

Коренот на ѓумбир во Русија се смета за профилактичко и тераписко средство, за лукот се верува дека го јакне имуниот систем, а лимонот дека е најголем извор на витамин Ц.

Во последните 10 дена зголемена е и цената на медот за околу 19 отсто.