петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Повикал полиција поради цената на еспресо, познато кафуле казнето со 1.000 евра

Повикал полиција поради цената на еспресо, познато кафуле казнето со 1.000 евра

Изнервиран маж повикал полиција откако платил две евра за еспресо без кофеин во кафулето „Ditta Artigianale“ во Фиренца, тврдејќи дека цената не била добро истакната.

Познатот бар сега мора да плати казна од 1.000 евра.

Тој на олицијата и се пожалил дека цената не била јасно изложена. Грешката, кафулето кое е познато по доброто кафе и неколкуте освоени признанија на натпревари, го чини парична казна.

Сопственикот налутено на прокоментирал казната на социјалните мрежи и го бранел кафето кое го нудат, а кое доаѓа од мала плантажа во Мексико.

-Ме казнија бидејќи некој се навредил што платил две евра за кафе. Дали можете да верувате? Денес секој може да се изнервира, да ја повика полицијата која пак ќе ве казни поради стар закон, вели сопственикот Франческо Санапо.

Просечната цена на еспресо во Италија е едно евро, иако најголем дел од кафулињата и баровите ги зголемиле неодамна цените поради проблеми со снабдувањето, но и зголемување на цените на кафето.