Како родители, знаеме дека Дедо Мраз не постои, но дали тоа значи дека споделувањето на овој мит со нашите деца е лажење? Ако Дедо Мраз не е дел од вашата семејна традиција или култура, тогаш нема ни потреба да размислувате да го поттикнувате тоа верување кај вашите деца. Но ако се мачите околу тоа дали да ја кажете вистината во врска со Дедо Мраз или не, можеби ќе ви олесни впечатокот дека тоа нема да и наштети на имагинацијата на вашите деца.
-Децата на возраст од четири, пет, шест, па и седум години, живеат во она што го нарекуваме магични години на живот во фантазија, рекол д-р Бенџамин Сигел, професор по педијатрија и психијатрија на Медицинската школа при Универзитетот во Бостон.
„Тие се под влијание на она што го гледаат и слушаат околу нив. Силно се возбудуваат од карактерите во нивниот живот, кои за нив имаат посебно значење“.
Меѓу тие карактери се суперхероите, чудовиштата, животните, па дури и Дедо Мраз. Постојат многу начини да ги поттикнете вашите деца да бидат добри, а приказната за Дедо Мраз е само една од нив. Сигел укажувал на тоа дека Дедо Мраз за повеќето семејства е весел човек со помошници, кои им носи подароци на добрите деца. Се разбира, постојат приказни за јаглен во чорапа за немирните деца, но тешко дека ќе најдете дете кое добило нешто такво утрото по Нова Година.
Она што родителите треба да го постигнат е вредноста која сакат да ја постигнат во свеста на нивните деца, и дали тој мит поттикнува морал.
„Секоја култура има бајки или митови кои припаѓаат на историскиот идентитет“, вели Сигел.
„Ако митовите се добри и зборуваат за споделување и помагање на луѓето околу вас, тогаш тоа е навистина убаво“.
За многу семејства, возбудата да се оставаат колачиња за Дедо Мраз, гледањето на санката низ прозорецот која лета во ноќта, станувањето рано наутро за да се отворат подароците и споделувањето на сето тоа оди, во прилог на вербата дека Дедо Мраз е посебен и единствен во тоа семејство. Таа традиција е причината зошто толку родители ја кажуваат приказната за Дедо Мраз – затоа што и тие ја научиле додека растеле.
Ако решите дека Дедо Мраз ќе биде дел од вашата семејна новогодишна традиција, тогаш постојат повеќе начини како да ја кажете таа приказна. Ќе се изненадите кога ќе откриете дека постојат купишта книги за Дедо Мраз во локалната библиотека кои чекаат да бидат причитани. Постојат книги за еколошката свесност на Дедо Мраз и за животни, дури и за диносауруси кои се облечени како Дедо Мраз.
Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца и да ја растурат сета нивна визија за Божик. Сепак, многу деца самите го дознаваат ова на возраст помеѓу седум и осум години.