На воспитувачката во градинка очигледно не и се допаднало што децата имаат споени веѓи, оа одлучила тоа да го промени.
Револтирани родители поднеле жалба откако воспитувачка во градинка ги депилирала веѓите на нивните деца, без нивна дозвола.
Гленда Круз не можела да поверува кога отишла да го земе синот од градинка и кога видела дека тој имал неуспешен третман за убавина.
-Знам дека многу од вас ќе кажат дека ова не е важно, но за мене е бидејќи детската кожа е многу чувствителна. Мојот син е бебе и не знае да се брани. Нема уште ни две години и сега се чувствувам како лоша мајка бидејќи не го заштитив, пишува мајката на Фејсбук.
Таа исто така објавила и фотографии на кои јасно се гледа на нејзиниот син му се депилирани веѓите. Набрзо потоа се јавила и друга мајка која потврдила дека на нејзиното дете му се случило истото.
-Ја однесов мојата ќерка во градинка, за да може да завршат некои работи. Кога ја земав видов црвена трага меѓу нејзините очи. Мислев дека е изгребана, но кога дојдов дома сфатив дека воспитувачката ги депилирала веѓите на моето дете, напишала Алиса Салгадо.
Двете мајка поднеле жалби против воспитувачката.