среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Руската православна црква осмисли молитва за луѓе опседнати со компјутери

Руската православна црква осмисли молитва за луѓе опседнати со компјутери

Руската православна црква (РПЦ) осмисли 39 нови молитви, вклучително и онаа за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутери“.

Иницијативата беше поднесена кон крајот на минатата година до Синодско-литургиската комисија – врховниот управен орган на РПЦ. Меѓу повеќето предлози се молитви за успешни операции, полагање испит, почнување со студии, па дури и за барање работа. Доколку комисијата ги одобри предлозите, молитвите ќе станат дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви.

Покрај тоа, меѓу новите молитви е и молитвата за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутерите“. Таа важи и за гејмерите. Ова доаѓа во време кога зависноста од видеоигри е официјално призната како опасно здравствено нарушување во Русија.

И Светската здравствена организација ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година. Сепак, според СЗО, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството, училиштето, работата, социјалните вештини и другите сегменти од животот.