сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сакал да ја запроси девојката на натпревар, обезбедувањето го соборило на земја: „Вака треба да се неутрализираат сите запросувања на стадион“ (ВИДЕО)

Сакал да ја запроси девојката на натпревар, обезбедувањето го соборило на земја: „Вака треба да се неутрализираат сите запросувања на стадион“ (ВИДЕО)

Едно запросување на бејзбол натпревар тргнало наопаку откако момче дотрчало на стадионот и клекнало, а членовите на обезбедувањето веднаш истрчале и го собориле на земја.

Инцидентот се случил во текот на бејзбол натпреварот на кој Лос Анџелес Доџерс играл против Аризона Дајмондс, а видеото стана хит на социјалните мрежи со повеќе милиони прегледи.

На снимката се гледа како едно момче клекнува и ја насочува кутијата со прстен кон девојката во публиката, а потоа дотрчува член од обезбедувањето кој го соборува на земја. Набрзо пристигнале уште двајца од обезбедувањето.

„Вака треба да се неутрализираат сите запросувања на стадион“, „Ме интересира каков одговор добил“, „Претпоставувам го одбила“, гласат коментарите на Твитер.

Ова не е единственото запросување на натпревар кое тргнало на лошо. Минатата година во текот на хокеарски натпревар, еден романтичар напишал на своите гради: „Те молам кажи да, да, да“, но девојката тогаш го напуштила стадионот.