среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Само 3 грама помалку сол дневно може буквално да ви спаси живот

Само 3 грама помалку сол дневно може буквално да ви спаси живот

Кинеските научници докажаа дека кога внесувањето на сол ќе се намали за една четвртина, тоа буквално ќе го преполови ризикот од смрт. Ова е прва студија, која поврзува колку намалување на внесот на натриум хлорид, односно сол, го намалува ризикот од срцеви заболувања и од самата смрт.

Научниците одлучија испитувањето да го спроведат во кинеската провинција Шандонг, каде што веќе е утврдено дека една петтина од жителите, која умира поради проблеми со срцето, внесувала голема количина на сол преку исхраната за време на животот. Храната во оваа провинција е препознатлива по големата зачинетост и соленоста.

Намалувањето на внесот на сол од 12,5 грама дневно на 9 грама би придонело за преполовување на смртните случаи кај луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести. Со намалување на крвниот притисок, кој директно страда од внесот на солта, ќе се избегнат многу трагедии.

Истражувањето беше спроведено во 2011 година на 13.000 возрасни луѓе, на кои им бил дијагностициран висок крвен притисок, на возраст од 25 до 69 години. Покрај тоа, бил земен примерок од урина во текот на 24 часа на 1.769 возрасни лица со цел да се провери нивото на сол во телото.

Кога ги анализирале податоците, добиле пресметка дека речиси 20 проценти од смртните случаи на луѓето во оваа провинција, кои имале срцеви заболувања, биле поврзани со внесувањето на солена храна. Оваа бројка надминува 16.000 луѓе во таа последната година на испитување.

– Важно е дека ги поврземе причините за смртта на срцевите пациенти со нешто што лесно може да се отстрани. Потребно е само луѓето во оваа провинција, како и во целиот свет, да го намалат внесот на солена храна и на тој начин да го избегнат високиот крвен притисок, а потоа и срцевиот удар, вели авторот на студијата, д-р Шивеј Лиу.

Светската здравствена организација препорачува луѓето да внесуваат до 5 грама сол дневно.