петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ОВИЕ знаци јасно ви укажуваат дека внесувате премногу сол, бидете внимателни!

ОВИЕ знаци јасно ви укажуваат дека внесувате премногу сол, бидете внимателни!

Натриумот е од суштинско значење за здравјето на човекот. Овој минерал помага во регулација на течности, одржување и стимулирање на нервните импулси за мускулни контракции.

Но, како и се’ останато, натриумот е добар кога се внесува само во умерени количини.

Посветете поголемо внимание на следните знаци:

Жед

Вишокот на натриум ве прави жедни, бидејќи вашето тело сака да го задржи истото ниво на соленост цело време. Како што се зголемува внесувањето на сол, организмот ја повлекува водата од нашите клетки во крвотокот, со цел, повторно да го воспостави своето идеално ниво на сол. Како резултат на тоа, клетките се дехидрираат, па поради тоа мозокот испраќа сигнали за жед.

Подуеност

Подуеност се случува кога редовно се консумира премногу натриум, па вашето тело започнува да ги чува течностите за да помогне во ослободувањето од вишокот на сол. Можете да ја намалите подуеноста со повеќе вежбање (за да се стимулира пот) и со пиење повеќе вода.

„Пиењето повеќе вода може да ви помогне да се ослободите од натриумот во вашиот систем, а како краен резултат – подуеноста ќе се намали“, објаснува Розана Ли, едукатор за исхрана и здравствен промотор од Торонто- пренесува HuffingtonPost

Оток

Отокот е поткожен подлив од насобрана течност во поткожното ткиво што предизвикува отекување на лицето, рацете, нозете, глуждовите и стапалата. Исто како и подуеноста, едемот е предизвикан поради складиштење на течноста поради вишок на натриум во организмот.

Желба за сол

Една австралиска студија покажа дека мозокот реагира на натриум слично како на супстанции како што се хероин, кокаин и никотин. Натриумот нож со две острици: солта е од суштинско значење за нашиот нервен систем, но брзо може да стане и наша зависност.

Ако забележите дека често посакувате сол, а храната ја солите уште пред да ја вкусите, треба да се освестите дека сте станале зависник од сол.

Висок крвен притисок

Задржувањето на течности во организмот предизвикува појава на едеми и подуеност, исто така, резултира со зголемен крвен притисок и ги оптеретува бубрезите, артериите, срцето и мозокот.