сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Се симнал од брод како мигрант: Станал крал на Инстаграм кој заработува дебело

Се симнал од брод како мигрант: Станал крал на Инстаграм кој заработува дебело

Кога почнал да објавува фотографии од своето голо истетовирано тело, 28-годишниот Хусеин Балапур станал ѕвезда на Инстаграм со прекар „Yakiboy”.

Тетовираниот мускулест маж кој денес шета по улиците на Сиднеј и има златни заби, пред само пет години пристигнал со брод во Австралија, бегајќи од тешката политичко-економска ситуација во Иран.

Хусеин инаку е бодибилдер и борач, со многу интересна животна приказна. Тој е бегалец од Иран кој во Австралија дошол со брод, открил неодамна.

„Висок сум 195 сантиметри, зошто не би заработувал на своето тело”, рекол тој, додавајќи дека за едно снимање зема околу 1.500 долари. Поради неговиот ексцентричен изглед, луѓето често мислат дека е дилер на дрога. Иако на Инстаграм делува како неверојатно богат човек, сам признава дека живее во двособен стан во Сиднеј и дека поседува само неколку скапи работи.

#YakiboY? photographer @gabrielfelixphotography ??

A post shared by Yaki boY? (@leon68yaki) on

Иако секојдневно добива пораки од обожавателки, истакнува дека е женет и дека наскоро треба да добие ќерка.