Една кинеска легенда на интересен и подеднакво убедлив начин го објаснува овој општоприфатен обичај. Традицијата на носење бурми најпрво се практикувала во европските земји, а денес е широко распространет обичај, чија симболика сите ја знаеме, но малкумина го знаат нејзиното потекло. Кинезите дошле до многу интересно и оригинално објаснување.
Според кинеската легенда, секој прст на раката има свое значење и ве претставува вас и вашето семејство. Имено, палецот ги претставува родителите, показалецот ги претставува браќата и сестрите, а средниот прст ве претставува вас. Четвртиот прст на раката го симболизира партнерот, додека малиот ги претставува децата.