понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Симптоми кои укажуваат на проблем со тироидната жлезда

Симптоми кои укажуваат на проблем со тироидната жлезда

Тироидната жлезда е ендокрина жлезда, обликувана како пеперутка или штит и се наоѓа на предната страна на вратот, веднаш под Адамовото јаболко. Нормална, здрава тироидна жлезда не е ниту опиплива, ниту видлива. Произведува хормони (тироидни хормони), кои ги регулираат метаболичките процеси, како и хормонот калцитонин, кој ја регулира концентрацијата на калциум во телото.

Симптоми и причини

Забрзаниот начин на живот, стресот, недостатокот на физичка активност, несоодветната исхрана, пушењето се дел од факторите на ризик за болести на тироидната жлезда. Преглед на тироидната жлезда се советува кога има оток во пределот на вратот со или без болка, губење на тежината и покрај добар апетит, нервоза, потење, перутење на лицето, генетска предиспозиција.

Болестите на тироидната жлезда се почесто застапени кај женската популација, тоа се смета како последица на присуството на поголема концентрација на естроген отколку кај мажите.

Постојат неколку вообичаени болести на тироидната жлезда:

Хипотироидизам – намалена синтеза на тироидните хормони;

Хипертироидизам – зголемено производство на тироидни хормони;

Хашимото-овата болест – попозната како хроничен лимфоцитен тироидитис, се карактеризира со висок степен на наследност;

Graves – оваа болест е попозната како автоимуно нарушување;

Гушавост – неканцерозна зголемена тироидна жлезда. Може да биде токсичен поради зголемена концентрација на тироидните хормони во крвта и нетоксичен како последица на недостаток на јод во крвта (околу 70-80% од јодот се складира во тироидната жлезда).

Нодуларни промени на тироидната жлезда – малигни и бенигни. Се проценува дека повеќе од половина од возрасната популација во светот има нодуларни промени во тироидната жлезда.

Симптомите кои ја придружуваат болеста на тироидната жлезда се поделени во две групи во зависност од тоа дали болеста е придружена со зголемување или намалување на концентрацијата на тироидните хормони во крвта.

Симптоми кои го придружуваат хипотироидизмот се чувство на замор, поспаност, зголемување на телесната тежина, почести и обилни менструални циклуси, запек, сува кожа. Од друга страна, хипертироидизмот е проследен со чувство на нервоза и вознемиреност, несоница, нередовни менструални циклуси, палпитации, забрзано чукање на срцето, губење на тежината, зголемена тироидна жлезда, зголемено потење.